Home Актуелно Петмина скопјани киднапирале маж на патарина кај Глумово

Петмина скопјани киднапирале маж на патарина кај Глумово

Обвинителството отвори истрага против пет лица од Скопје кои се осомничени дека киднапирале и малтретирале едно лице со намера да го присилат сопствениот автомобил „масерати“ да го префрли на име на еден од осомничените.

Според сознанијата на Обвинителството, на 8 септември околу 22 часот, на автопатот Скопје – Тетово, на наплатната рампа кај село Глумово, по насоки на првоосомничениот и петтоосомничената, останатите тројца осомничени лица му го пресекле патот на оштетениот со возило „ауди А3“ и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и клоци по целото тело, пренесува „Макфакс“.

Насилно го внеле во неговиот автомобил и го однеле на автоплац во селото Кондово во сопственост на првоосомничениот. Кога стигнале на плацот четворицата, во присуство на петтата осомничена, продолжиле физички да го малтретираат, удирајќи го со тупаници, клоци и со ремен.

Поради наводен долг од 20.000 евра тие го натерале оштетениот да влезе на совозачко седиште во автомобил „бе-ем-ве Х5“ и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово каде што го присилиле да направи договор со кој неговиот автомобил „масерати“ го префрлил на име на првоосомничениот.

Двајца од осомничените се лишени од слобода и за нив е поднесен предлог за определување мерка притвор поради постоење опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, како и можност да го повторат делото.

По останатите тројца осомничени сè уште се трага.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…