Петмина повредени во сообраќајка на патот Прилеп – Кичево


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Петмина се повредени во сообраќајна несреча која то се случила вчера во 15,30 часот на регионалниот пат Прилеп-Кичево, кај местото викано „Барбарас“.

Во сообраќајната несреќа учествувале „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски таблички, управувано од А.С. (45) од Прилеп и камион со прилепски таблички управуван од Б.Р. (49) од селото Големо Коњари, Прилепско.

Според МВР, во несреќата со тешки телесни повреди (скршеница на карлица и повреди на главата) се здобила сопатничката во „пасаот“, А.Е. (42) од Прилеп и по укажана лекарска помош во Медицински центар-Прилеп поради сериозноста на повредите е пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Возачот на „пасатот“ А.С. во незгодата се здобил со скршеница на десна надколеница и е задржан на лекување во Медицинскиот центар Прилеп. Исто така, со телесни повреди се здобиле и возачот на товарното возило Б.Р. како и неговите сопатниците, Б.Г. (35) и К.З. (46) од селото Горно Коњари-Прилеп.

Увид на лице место извршила увидна екипа, а по наредба на обвинителството, возилата се однесени на технички преглед.