Петмина починати и 127 новозаразени од Ковид-19


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.574 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19.

Во Скопје-43, Куманово-11, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-4, Струга-5, Велес-1, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-3, Струмица-5, Крива Паланка -5, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Делчево-7, Кичево-2 и еден во Кратово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од Скопје-37, Штип-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци -1, Гостивар-14, Крива Паланка-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3 и двајца од Кичево.

Починати се 5 лица, пациентка од Куманово (61), пациент од Штип (81), двајца пациенти од Гостивар (76 и 81 година) и еден пациент од Прилеп (53). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.998, бројката на оздравени пациенти е 12.149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.235.