Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Над 6000 граѓани се потпишале на иницијативата за законски измени со кои треба да им се олесни животот на лицата со пречки во развојот. За оваа иницијатива да влезе во собраниска процедура, потребни се 10000 потписи. Денеска потписи во Скопје се собираат во Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, кој се наоѓа во Аеродром, потоа на Широк сокак во Битола и на плоштадот во Штип.
Денес се договаравме во Скопје да се отвори уште еден пункт за собирање потписи, а од утре на плоштадите и во другите градови, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Куманово, Струмица, Гевгелија и други, да се собираат потписи. Овде собирањето потписи ќе почне симболично пет минути до 12 часот и ќе трае до 17 часот. Досега се собрани над 6.000 потписи и се надеваме дека ќе го собереме потребниот број, изјави Сузана Стојановска, од Здружението на лица со Даунов синдром Трисомија 21.
Со иницијативата се бара измена на повеќе закони и подзаконски акти, а меѓу главните барања е да се избрише старосната граница од 26 години, по која во повеќе закони им се ограничува државаната помош на овие лица. Така, до 26 годишна возраст лице со пречки во развојот, има право на бесплатни прегледи и лекување, како и право на посебен додаток. По навршување на оваа возраст, лековите не се бесплатни, а го губат правото на посебен додаток.