Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Петгодишнот Арден Хејес ја освои интернет популацијата со својата импресивна генијалност. Гостувајќи во ТВ шоуто од Џими Кимел, малиот покажа неверојатно знаење по географија за сите земји на светот, па дури и за бивша Југославија.
Хејес на четиригодишна возраст почнал да се интересира и занимава со географија. Денес тој знае каде се наоѓаат сите земји на светот и кои се нивните главни градови. И не само тоа. Малиот гениј ја познава и историјата на многу земји.
Кимел во емисијата си играше со Хајес покажувајќи му некои земји на картата за кои тој мораше да ги каже имињата и главните градови. На малиот му беше потребна само една секунда за да го наведе името на било која покажана земја и името на нејзиниот главен град.
Во еден момент Кимел му ја покажа бивша Југославија.
„Таа се распадна на седум земји“, веднаш додаде Хејес како од пушка и ги наброја седумте држави кои излегоа од бивша СФРЈ, на што од публиката доби громогласен аплауз и овации.
Откако покажа импресивно познавање од географија, Кимел на малиот Хејес му подари таблет Sony Xperia. Меѓутоа, петгодишното момче го одби подарокот откривајќи дека планира за Божиќ да добие iPad.
Кимел беше принуден да го исече тој дел од видеото, но на YouTube и натаму е достапна снимката од гостувањето на Хејес. Иако видеото е старо 6 години, навистина е импресивно да се потсетиме на тоа како едно 5-годишно дете може буквално да растура со знаење по географија кое го немаат ниту некои повозрасни луѓе кои поактивно се занимаваат со географиската наука.