Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес од 17:00 часот домаќинот и Саудиска Арабија го одиграа првиот натпревар на Мундијалот во Русија.
Русите одиграа фантастично и на крајот заслужено стигнаа до убедлива победа од 5:0. Од самиот старт домаќинот покажа сила и веќе во 12 минута Јури Газински го отвори резултатот. Интересно е што ова беше прв гол за Газински во репрезентацијата.
Само 12 минути подоцна Русите мораа да се соочат и со проблем – се повреди Алан Џагоев и за него би можел овој Мундијал да биде завршен. На негово место во игра влезе Денис Черишев.
Одлуката на селекторот Черишев да биде замената за Џагоев се покажа како полн погодокот бидејќи на две минути до крајот, Черишев после еден фантастичен дриблинг постигнува гол за веќе солидна предност од 2:0.
На полуврмее се замина со предност од 2:0 за домаќинот.
Во вториот дел работите не се променија многу, Русија продолжи да напаѓа.
Во 70 минута Смолов го напушти натпреварот, а во игра влезе Џуба. Истиот играч само една минута подоцна со првиот допир со топката постигнува гол за 3:0. Во финишот од натпревар следуваа два погодоци.
Прво Черишев со еврогол носи предност за 4:0, а две минути подоцна Головин од слободен удар за неверојатни 5:0!
Русија во второто коло ќе игра против Египет, додека Саудиска Арабија против фаворитот за победник во оваа група Уругвај.