Пет знаци кои откриваат дали вашиот партнер ужива во водењето љубов со вас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вообичаено е девојките постојано да се грижат дали партнерот ќе им остане долготрајно задоволен. Една од можностите да добиете одговор на ова прашање е анализа на неговото однесување. Иако испраќа некој од следниве знаци, не гарантираме дека еднаш нема да морате да поработите на својот сексуален жибот. Но, постојат добри шанси моментално да е среќен со вас во креветот.

Тој иницира секс

Сети се кој последен пат тргнал во акција. Вие или тој? Тоа прашање е од курцијална важност за сексуалното задоволство, поважно дури и од целината на сексот. Дури и ако секојдневно водите љубов, ако еден од вас нема желба за секс, резултатот од тоа е фрустрација. Ако сепак, тој покажува иницијатива, тоа е јасен знак дека е задоволен од сексот со тебе.

Отворен е за… се!

Експериментирањето во креветот оддамна не е повеќе табу тема. Со одредено траење на врската и доверба, расте и храброста да изразиме тајни желби, како и да ги исполниме оние на партнерот. Ги исполнува ли тој вашите желби? Дали поради двостраните интереси, сте ја промениле вообичаената рутина? Дали е отворен за експериментирање? Ако на тие прашање можеш да одговориш позитивно, тоа покажува дека тој има волја за испробување на нешто ново со тебе.

Нема потреба за разговор за секс

Сексот не е тема во вашата врска? Тоа е знак дека нема ниту потреба за него да полемизирате, бидејќи и двајцата сте задоволни. Ако сексот стане честа тема на дискусија, тогаш можно е да настапило незадоволство.

Се милува

Дали за ваш и него бакнежите и милувањата се дел од секојдневието? Тогаш вашиот концепт на сексуален чин е зачинет со љубов, а не со барање на само задоволство.

Го минува времето со вас

За жал, помеѓу децата, работата и секојдневните предизвици, ни останува малку време за чесна љубовна игра, а таа би требало да биде на врвот на листата на приоритети. На пример: момците кои секоја сабора навечер ја минуваат во кафеана, наместо со својата партнерка, нивната поубава половина очигледно не ги интересира премногу. Доколку вашиот партнер сака секс со вас, секогаш ќе остане време за игри за заведување во креветот.