Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исклучително е важно да се препознаат симптомите кои укажуваат на преголемо оптеретување на телото кое настанало како резултат на напорното вежбање. Портарлот Health24 претставува пет знаци кои укажуваат на тоа дека сте претерале со тренингот.
Многу е тешко да се даде се од себе, а сепак по тренингот да се чувствувате добро. Исто така, ако по направената фитнес сеија почнете да чувствувате болки и ако ви се реактивираат повредите, тоа може да биде знак дека сте претерале со вежбањето.
Симптоми карактеристични за грип
Прекумерната вежба на телото доведува до есктремно согорување на мастите, што во краен случај може да доведе до појава на симптоми на грип поради оптеретување на надбубрежната жлезда.
Исцрпени сте, но не можете да спиете
Претераното вежбање може да доведе до драстичен пад на имунолошкиот систем. Тоа може да доведе до огромна исцрпеност, и верувале или не до несоница.
Промена во однесувањето
Преморените спортисти можат во еден момент да станат невообичаено потиштени и благо раздразнати, а понекогаш и депресивни.
Не се одмарате доволно
Спиењето е важен сегмент во осигурувањето на оптимални барања вашите мускули и комплетно телото да закрепнат како што треба. Затоа е од исклучителна важност себеси да си осигурате доволно сон во текот на ноќта.
Различни тренинзи во исто време
Многу личности, за да ослабат или изградат што подобар изглед, посегнуваат по неколку различни тренинзи. Обидот истовремено да тренирате два или три спорта, само ве изложува на прекумерен напор кој може да предизвика многу нуспојави.