Пет причини зошто зумбата е одлична јануарска физичка терапија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сите оние кои по табиет се луѓе што сакаат да останат во кондиција и да си држат добра линија, но веќе некако губат интерес за трчањето кое им подздосадува, а имаат одбивност кон теретаните, зумбата е вежбачка терапија која сесрдно им ја препорачуваме.

Оваа енергетско-танчерска фитнес програма која ги поврзува музката, забавата и кардио вежбите особено е препорачлива за јануарските денови, кога интензитетот на обилни и разновидни трпези е значително зголемен.

Во тој контекст, ви пренесуваме пет причини зошто зумбата може да биде идеално вежбање за вас.

1. Слабеење

Ако веќе сте сфатиле дека трчањето од некоја причина не ви лежи толку како начин за трошење на вишокот килограми, тогаш време е малку да ги забрзате работите.

Зумбата кај просечен човек во еден час помага да согори од 600 до 1.000 калории – повеќе отколку било која друга кардио активност, со тоа што со зумба многу повеќе се забавувате, па и повеќе трошите.

2. Заразна тимска работа

Секој кој ќе тргне на групни часови, брзо ќе сфати дека предноста на вежбањето во полна сала со многу луѓе едноставно дава друга енергија. Таквиот тим ништо не може да го запре во давањето сè од себе при вежбањето и забавувањето, па така и вие ќе го дадете својот максимум.

A post shared by Ricardo Marmitte (@ricardozes) on

3. Танцова атмосфера

Фокусирајќи се на ритамот, веќе после првите часови ќе сфатите дека не сте дошле толку за вежбање колку за танцување и добра забава во измислувањето нови потези и исфрлањето на вишокот енергија од себе.

4. Подобрување на расположението

Ако сакате да ги поврзите вежбите со „велнес“ опуштањето од стресот, зумбата делува и на тоа поле. Додуша, секој вид на активност ослободува од стрес, но со групно танцување и гласна, енергична музика, мирот во душата потоа е загарантиран.

Истражувањата покажаа дека високата енергетска кардиоваскуларна вежба како танцувањето ослободува најмногу ендорфин.

5. Забрзување на метаболизмот

Ако сакате што побрзо да ги согорувате калориите, важно е да најдете начин кој ќе ви го забрза метаболизмот, а зумбата тука посебно се истакнува. А тоа значи дека и резултатите ќе дојдат порано отколку што мислите.