Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Самомасажа е техника која се изведува со притискање на анти – стрес точките со цел да ги ублажиме болките.
За оние на кои не им одговараат туѓите допири, самомасажата е ефикасен начин за опуштање и ослободување од стрес. Таа може да помогне во зима за полесно да се загрее телото. Се што ви е потребно е топло кокосово масло или масло од јасмин, кое се нанесува на кожата пред десетминутната масажа. А оваа масажа е најефикасна после туширањето со пола вода.
Детоксикацијата на кожата е многу важна, затоа што кожата е најголем орган на нашето тело. А притоа е изложена на многу токсини кои може да бидат причина за бројни болести. Со самомасажа се отстрануваат штетните токсини, мртвите ќелии кожа и останатите нечистотии.
Исто така со самомасажа ја поттикнувате цркулацијата во крвта, а тоа го опушта телото. Секојдневно десетминутно самомасирање го ревитализира телото и ја обновува енергијата. Поради тоа во текот на денот ќе се чувствувате посвежо, а ќе се ослободите и од умор и мрзливост.
Еден од важните ментални аспекти е да се сакате себеси, односно да се грижите за своето тело. Со самомасажата ги привлекуваме позитивните вибрации, а со тоа добиваме чиста и позитивна енергија.
Еден од најголемите проблеми денес е стресот. Тоа може да предизвика болки на места каде не сме влијаеле со некоја физичка активност.
Експертите предупредуваат дека телото треба внимателно да се масира за да се избегнат некои евентуални рани, поготово во областа на бубрезите.