Пет причини поради кои можете да размислувате за смирување со бившиот?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Периодот веднаш по разделбата со партнерот и крај на врската знае да биде многу болен. Тогаш најмногу размислуваме за причините за разделбата, но и за можното смирување. Затоа ви нудиме 5 причини кои покажуваат дека на бившиот сепак можете да му дадете втора шанса.

1. Причината за разделбата не била сериозна

Постојат причини за прекин на врска кои лесно можат да се простат. Можеби во тој момент ви се чинело дека се работи за сериозна причина, но всушност станува збор за ситница или нешто неважно. Секако, постојат и такви сериозни причини кои не можат да се простат, како неверство или недостаток на доверба. Тогаш смирувањето не е ниту малку добра идеја.

2. Начинот на разделба бил цивилизиран

Начинот на разделба е многу важен, бидејќи што е поцивилизиран, тоа се подобри шансите за смирување. Ако со разговор во четири очи сте дошле до заедничка одлука да се разделите, тоа многу зборува за вашиот однос и меѓусебната почит. Од друга страна, разделбата која се случила по пат на порака, или која влучувала викање, агресивни напади и навреди, се знак дека за смирување не треба ниту да се размислува.

3. Однесувањето по разделбата не ве повредило

Некои личности се длабоко повредени од бившиот партнер по разледбата. Однесувањето на некогашниот партнер по разделбата важно е колку и неговото однесување во текот на врската, особено ако размислувате за доверба.

4. Емоционалната поврзаност и натаму е силна

Што е подлабока вашата емоционална поврзаност, и што подобро сте се познавале во врската, поголеми се шансите за успешно смирување. Особено ако и по разделбата ви недостасува тоа чувство на поврзаност. И натаму чувствувате силна желба да го прегрнете вашиот бивши партнер. Желбата за блискост која некогаш сте ја имале и емоционалната поврзаност која се уште е силна се добри показатели дека смирувањето може да биде успешно.

5. Можноста за простување е клучна

Многу важен и позитивен чекор кон смирувањето е можноста вистински да си простите еден на друг и можете да водите искрен разговор по разделбата. Меѓусебното простување навистина е важно за нов почеток кој треба да биде свеж и ослободен од старите замерки.