Пет одвратни навики кои треба да ги избегнувате во бањата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Туширањето, миењето заби, отстранувањето на шминката и миењето лице и раце се најчестите секојдневни работи кои ги правиме во бањата. Сепак, неретко забораваме да ги направиме и клучните работи во оваа просторија од нашиот дом, а се поврзани со хигиената.

Понекогаш ни се случува на сите, но овие пет работи кои речиси редовно ги правиме во бањата, треба што поскоро да се одвикнеме да ги правиме во име на нашето здравје и за наше добро.

A post shared by Sang Ch (@loveinstaphoto2013) on

Бањање со сунгер

Сунгерите се супер. Доаѓаат во разни бои и го прават позабавно секое туширање. А добивате и доста пријатно чувство кога се триете со нив. Но, тие не се баш најпрепорачливи за одржување на телесната хигиена.

Во зависност од тоа каде го чувате сунгерот, тој се навлажнува, а со тоа расте и бројот на бактерии кои ги содржи на себе. Габичните бактерии доста брзо се развиваат на него, па со следното туширање и користење на сунгерот, истите ќе ги пренесете на вас. Размислете добро кога следен пат ќе користите сунгер.

Недоволна грижа за чистотоата на крпите

Секогаш постои можност крпата да не се исуши доволно брзо. Ова, исто така, е плодно тло за развивање на бактерии. Крпите мора да се перат на високи температури и да се менуваат редовно. Така барем делумно ќе се заштитите од несаканите бактериски последици.

Делење на шминката со друго лице

Незамисливо често пријателките, цимерките и сестрите си позајмуваат кармини, креони и други козметички препарати. Притоа, забораваат или не знаат дека секој човек на својата кожа си има одредени бактерии и нечистотија кои преку шминките, во случајов, делумно се пренесуваат и на другите кои ги користат и обратно. Така, лесно може да се закачи осип, инфекција или дури и херпес, ако се користи туѓ кармин или балсам за усни, или пак својата шминка се позајмува на други.

Користење на ист брич

Ако постои работа која никогаш, ама никогаш не треба да ја делите со било кој друг, тоа е бричот. Тие пренесуваат бактерии од една на друга кожа, можат да содржат габички, но и остатоци од крв, како и бактерии кои се наоѓаат во крвта од лицето кое го користи или со кое евентуално го делите истиот брич.

Чувањето на четкичката за заби на погрешно место

Чувањето на четката за заби во близина на WC шолјата не е добра идеја. Кога ќе пуштите вода после извршената нужда, нечистотијата може да допре насекаде, а така се шири и ешерихија коли, но и многу други бактерии.

Поради тоа, следниот пат, ако четкичката ја чувате во тоалетот, спуштете ја даската пред да пуштите вода или едноставно преместете го четчето за заби во бањата. И не заборавајте редовно да ги менувате четките за заби и чашите во кои ги чувате.