Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Големите женски гради, без апсолутно никаков сомнеж, се вистинска атракција и магнет за вниманието и погледите на најголем дел од машката популација (па и дел од женската) ширум цел свет.
Но, нивните сопственички, покрај атрактивноста и вниманието кои ги добиваат благодарение на своите атрибути, се соочуваат и со низа проблеми кои навистина им пречат во животот. Маките опишани подолу ќе ги разберат само жените кои носат поголем број на градници.
1. Кошулите – недосонуван сон
Жените со големи гради не можат да носат ништо што вклучува закопчување на копчиња, бидеќи меѓу оние две копчиња кои се позиционирани на градите се создава доволно голема „дупка“ низ која секој може да ѕирка во нивното деколте. Секако, освен ако токму тоа не им е целта која сакаат да ја постигнат – да им биде „шпионирано“ деколтето.
2. Убавите градници не се опција
Производителите на градници шареноликите и кокетирачки примероци и модели ги прават само за жени со мали или средно големи гради. Оние со големи гради ќе мора да се задоволат со нешто поедноставно и „помонотоно“.
3. Мака мачат да си најдат костим за капење
Ни едноделен, ни дводелен, ни со прерамки, ни без нив – речиси ниту еден атрактивен модел кој им се „фаќа за око“ на жените со големи гради не е направен по нивна мерка.
4. Во предвид доаѓаат само маички и градници со прерамки
Големите и тешки гради не изгледаат добро без засилена потпора каква што нудат градниците со прерамки. А кога носите градник со прерамки, невозможно е да носите маичка без прерамки.
5. Нема спиење на стомак
Доколку креветите имаа вдлабнатини каде што ќе можеа да се сместат големите гради, спиењето на стомак ќе беше непречено. А вака, тешко.