Пет нешта кои треба да ги промените ако хроничниот замор ви го уништува животот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Недостатокот на сон и одмор со спиење може сериозно да влијае врз севкупниот квалитет на вашиот живот. Ако лошо спиете и тешко се будите, голема е веројатноста дека во текот на целиот ден ќе се чувствувате претепано, а тоа ќе има значително влијание и врз вашата концентрација и способноста нормално и ефективно да функционирате.

Оливија Арецоло, експертка за човечкиот сон и неговите влијанија, ги открива најчестите грешки кои луѓето ги прават во секојдневниот живот, а кои негативно им влијаат на нивното спиење.

1. До доцна навечер седите со вклучени светилки

Иако повеќето луѓе за проблемите со спиењето ги „обвинуваат“ мобилните телефони, светлината во просторијата може да има еднакво штетно влијание врз сонот.

„Истражувањето покажа дека силното осветлување во просторијата може да го намали производството на мелатонин (хормон за спиење) во организмот и тоа да резултира со пократок и лош сон“, вели Оливија.

Ова негативно влијание можете да го решите така што околу 90 минути пред спиење ќе ги намалите светилките во собата, ќе го пригушите собното осветлување за вашето тело да добие сигнали дека е време за смирување и спиење.

2. Го „одложувате“ алармот наутро

Иако „снузнувањето“ на алармот наутро звучи примамливо, за уште неколку минути да се мушнете под прекривката и да подремете, Оливија советува дека треба да го правите токму спротивното.

„Научниците од универзитетот во Калифорнија докажаа дека поради оваа навика за одложување на алармот станувате поинертни и имате чувство како воопшто да не сте спиеле“, тврди таа.

Советува дека уште при првото ѕвонење на алармот треба да помислите на нешто убаво што може или треба да ви се случи во текот на претсојниот ден и така да се мотивирате веднаш да станете од кревет.

3. Се туширате со жешка вода пред спиење

Можеби мислите дека долгото туширање со жешка вода ќе ви помогне да се опуштите пред спиење, но постои и друга страна на таа рутина.

„Иако жешкиот туш ги опушта мускулите, исто така, тој ја покачува и телесната температура, поради што потешко ќе потонете во длабок сон во кој вашето тело се одмора, се опоравува од претходниот ден и црпи енергија за следниот“, предупредува Оливија.

Оваа навика можете лесно да ја смените така што ќе се туширате најмалку еден час пред легнување или туширањето ќе го оставите за следното утро, кога ќе ви помогне побрзо и полесно да се расоните.

4. Работите до доцна во ноќта

Денес многу луѓе дел од своите работни обврски ги носат дома, а тоа, освен што ги нарушува границите на службеното и приватното, може да биде проблематично и за квалитетот на спиењето, особено ако работите во доцните ноќни часови.

„На тој начин мозокот го одржувате во активна состојба, со што се зголемува количеството на време кое ќе ви биде потребно за после тоа да заспиете. Ова може да влијае на квалитетот и должината на сонот, но со тоа си правите и штета на мозокот, кој нема да има можност доволно да се одмори и опорави до следното утро и почетокот на новите обврски“, објаснува експертката.

Неколку часа пред спиење обидете се да оставите секакви работни ангажмани и обврски на страна. Наместо тоа, изберете да правите некоја опуштачка активност која ќе ви помогне да се „исклучите“. Оливија препорачува читање, дружба со партнерот или слушање на смирувачка музика.

5. Претерување со алкохолот

Истражувањата за пореметувањето на сонот покажаа дека поголемото и почесто консумирање на алкохол влијае на порастот на заморот во текот на денот.

„Тоа не е никакво изненадување, будејќи главна состојка на алкохолот е шеќерот, кој го стимулира телото и на нас влијае исто како кофеинот“, тврди Оливија.

Советот е да не пиете алкохол барем три часа пред спиење.