Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Спиењето има големо влијание врз секој аспект на човековиот живот. Од чувство за раздразливост до поврзаност со карцином, дијабетис, срцеви заболувања и лошо ментално здравје. Според мислењето на истражувачите, спиењето игра важна улога и во љубовните врски. Тврдат дека постои цела низа лоши навики во креветот кои може да ви ја уништат врската.
„Навиките за спиење на паровите многу зборуваат за нивниот однос. Нормално е да се преместите во друга соба доколку вашиот партнер хрчи, но тоа е проблем ако со одењето во друга соба го избегнувате партнерот.“, изјавува Ани Аурет за Индепендент.
Меѓу другото, дека нешто не е во ред може да биде и тоа ако сте свртени со грбот еден кон друг. Ова прави чувство на исклученост на партнерот и не е здраво за врската. Решение за тоа е барем на некое време да се свртите еден кон друг и да тргнете се што ве попречува да бидете блиску. Исто така проблем е и борбата за кебето, а Јо Барнет, кој е специјалист за врски тврди дека тајната е во компромисот.
„Бидете благонаклонети кон потребите на вашиот партнер и побарајте решение кое на двајцата ќе ви пружи задоволство, како на пример посебни кебиња.“, изјавува Барнет.
Без разлика на каков кревет спиете, не постои оправдување за јаз помеѓу вас и вашиот партнер. Доколку се договорите со партнерот така да спиете тогаш не би требало да постојат проблеми.
„На некои луѓе едноставно им треба простор за да можат да се смират и заспијаат“, вели Барнет.
Исто така, одењето во кревет во различно време може да има лоши последици во вашиот однос. Па така некои може да се чувствуваат осамено, а на крајот и раздразнато, затоа што партнерот ги буди среде ноќ. Истовремено, тоа може да биде решение за оние кои имаат потешкотии да „потонат“ во длабок сон додека некој хрчи покрај нив. Тоа не е најдобро решение, но затоа пак никој нема да се буди исфрустриран утрото затоа што не спиел добро.