
Марија Килибарда и Бранислав Вучелиќ пред речиси пет месеци станаа горди родители на преслатката девојчица. Сенја стана целиот нивен космос, откри Марија Килибарда во интервјуто за новото издание на нашиот магазин.
– Поранешните задоволства сè уште чекаат да им се вратам. Моментално немаат место во мојот ден, но не ми ни недостасуваат. Кога Сенја малку ќе порасне, ќе можам со неа да патувам и да правиме сè што некогаш сакав. Сè во свое време.
„Мене космосот ми се спушти во скут! Јас, едноставно, немам потреба да живеам надвор од него, а таа е мојот космос,“ откри Марија, нагласувајќи дека ни таа, ни нејзиниот партнер не се подготвени да поминат повеќе од неколку часа одделени од својата ќеркичка, која расте неверојатно брзо.
Покрај нивната најголема радост, Марија Килибарда и Бранислав Вучелиќ имаат уште еден повод за славење. Тие двајца на почетокот од март ќе прослават пет години љубов.
– На почетокот на март славиме пет години врска, но сè уште не сме биле истовремено надвор од дома и одделени од Сенја, дури ни за кратко. Не сакаме, а искрено, ни не сме подготвени, така што мислам дека годишнината ќе ја прославиме со неа, во нашиот дом. Ќе има прилики за вечери и за славења. Нам и онака секој ден ни е забава во домот – ни рече низ насмевка Марија.