Пет лица уапсени во акција за пресекување на меѓународен нарко-канал – запленета дрога во вредност од 150.000 евра


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонските полициски служби успешно спречиле меѓународен канал за трговија со дрога откако во акцијата спроведена вчера во повеќе градови во Македонија се уапсени 5 лица меѓу кои двајца поранешни вработени во Министерството за внатрешни работи.

Запленета е дрога во вредност од околу 150.000 евра а при претресот, одземени се повеќе мобилни телефони како и огнено оружје кои осомничените ги поседувале без дозвола.

-Во текот на вчерашниот ден оделот од ОКП, ОСОСК и Тигар презедоа мерки и активности и на патот кон Градско се сопрени две возила опел вектра. Едното служело како чистач, а во другото се пренесувала дрогата. Потоа се извршени претреси при што се пронајдени предмети од интерес на истрагата а притоа се приведени 5 лица.-Тони Ангеловски МВР .

Во изминатиот период, полицијата успешно спроведе неколку акции за сузбивање на илегална трговија со дрога…во соработка со обвинителството за гонење на организиран криминал беше спроведена акцијата “Планина” во која за трговија со дрога беа уапсени 20тина лица од скопски Грчец, во Прилеп, во соработка со американската ДЕА беше запленета дрога во вредност од 800 илјади евра при што беше приведен и висок полициски службеник од Прилеп.