Пет години ги проучувал богаташите од цел свет – еве што сфатил дека им е заедничко


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Томас Корли пет години ги проучувал најбогатите луѓе на светот за да открие дали поседуваат некои заеднички карактеристики и сфатил дека баш сите избегнувале еден тип на луѓе – песимистите.

„Милионерите многу внимаваат на тоа со какви луѓе се опкружени, успешен си онолку колку што се успешни и луѓето околу тебе. Затоа богаташите секогаш се дружат со оптимисти, кои се полни со ентузијазам и амбиции и кои секогаш позитивно гледаат на животот“, напиша во својата книга CHange Your Habits, Change Your Life.

86 проценти од испитаниците му рекле дека се дружат со други успешни луѓе кои постојано размислуваат за тоа како да постигнат нешто повеќе и ги избегнуваат негативните, „токсични“ табиети.

„Долгорочниот успех е можен само ако позитивно гледате на својата околин“, вели Корли.