Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако сте подолго време под стрес, треба да внимавате на симптомите, пишува „The Dailu Net“. Исто така, со засилен стрес ќе ви се прикрадат и навики кои генерално се лоши за вашето здравје.
Ќе се насочите на храна со многу шеќер
Од стресот ќе имате потреба од храна со голем процент на масти и шеќери бидејќи стресот не огладнува. Наместо да посегнете по првото чоколадо, обидете се да се најадете со намирници богати со нутритивна вредност.
Се јавува параноја
Додека личноста е под стрес, мислите се расфрлани насекаде. Кога ќе се роди проблем само на него се концентрирате, а не и на вкупните задачи.
Замор кој нема крај
Стресот зема данок и се јавува засилен замор. Ако се оддолжи, може лесно да се претвори во депресија.
Изненадувачки налети на енергија
Твоето тело ќе создава нагли налети на енергија за да се носи со стресот со кој се соочувате. Сепак, многу наскоро тој налет на енергија ќе ве напушти и ќе се чувствувате исцрпено.
Ќе внесувате поголема количина на кофеин
Несоницата често оди со конзумација на големи количини кофеин. Ова токму спротивно делува на проблемот бидејќи последиците од преголемото внесување на кофеин, ќе ве врати на почеток, замор и фрустрираност.