Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чаевите, чајните мешавини, билните тинктури или етеричните масла можат да бидат исклучително делотворни во превенција на болестите, односно во јакнење на имунитетот пред вирусите и бактериите да го нападнат организмот, но и многу корисна помош ако болеста веќе настанала.
Ајдучка трева – ја чисти крвта, ја смирува нервозата на желудникот и цревата и добро делува кај инфекциите на уринарниот тракт. Не смеат да го пијат трудници, а може да се појават и реакции кај оние кои се алергични на камилица.
Полска коњска опашка – ја подобрува работата на бубрезите и на системот за варење. Добра е при воспаление на дишните органи, го ослободува телото од вишокот на вода и ја подобрува густината на коските.
Маточина – чајот од маточина го поттикнува варењето, ги намалува мачнините и тегобите предизвикани од стрес. Шолја чај од маточина навечер ќе ве смири и ќе ве ослободи од несоницата.
Ѓумбир – чајот од ѓумбир го чисти ткивото, помага при варењето, лесно загрева и е погоден при настинки и вирози.
Мента – освен за тегоби со варењето, чајот од мента помага кај настинки и кај грип. Тоа е билка која разладува па помага и за симнување на температурата.