Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Како последица на песочната бура која го погоди рускиот град Таганрок, на југот на Русија, во Ростовската област реката Дон и Таганрогскиот Залив станаа плитки.
Силниот ветер предизвика разни последици. „Го нема веќе Таганрогскиот залив! Таганрог го покри песок од четири метри. Можеби и повеќе“, изјави еден од локалните жители кој објави снимка на социјалните мрежи.
Бродовите се на копно, додека локалните жители ги возат автомобилите како на сафари, јавуваат руските медиуми.
Бурата ја предизвика силен источен и североисточен ветер кој ја турка водата од реката во Азовското Море. Брегот се помести за речиси 100 метри.
Втор ден по ред жителите на Таганрог мора да носат маски, а многумина се жалат на тешкотии со дишењето. Водата ќе се врати кога ветерот ќе го смени правецот, с според проценките тоа ќе се случи за една недела.