Песочен замок за Гинис


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На далечниот северозапад од Данска е изграден најголемиот замок од песок на светот, висок 21,16 метри и тежок околу 5.000 тони, објавиле неговите градители.

Замокот е богато украсен и е подолг за 3 метри од замокот изграден во Германија во 2019 година, кој досега го држеше Гинисовиот рекорд со своите 17,66 метри.

Лоциран во одморалиштето Блокус, на северниот врв на Јутланд, замокот бил изграден во форма на пирамида за да не се урне, што е метод што го користат експертите за кревки згради.

Неговиот творец, Холанѓанецот Вилфред Стигер, кому му помагале триесетина најдобри градители од песок на светот, сакал да ја покаже моќта на коронавирусот во светот уште од почетокот на пандемијата.

„Вирусот владее со нашиот свет, ни кажува што треба да сториме и не спречува да бидеме со семејството и пријателите“, рече Стијгер.

Вкупно 4.860 тони песок биле искористени за изградба на замокот што можел да се подигне благодарение на дрвената конструкција скриена во него.

За да не се распадне, песокот содржел приближно 10 проценти глина. По завршувањето на изградбата, се нанесува слој лепак за да се направи замокот на тој ветровит брег да трае до поголемиот дел од зимата.

На врвот на замокот се наоѓа коронавирус од песок што ги малтретира луѓето, и тие прават сè за да го победат, објаснил уметникот. Градителите сметаат дека замокот треба да издржи до силните мразеви во февруари и март.

Конструкциите од песок станаа традиција во Блокус и скулптурите обично траат до јануари.