Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека додека траат санкциите врз Русија поради воената агресија која тие ја вршат врз Украина, во Русија се случува „самопрочистување“, бидејќи земјата ја напуштаат „предавниците“.
„Во тешки моменти луѓето покажуваат кои се всушност, кажано на руски, тоа се предавници. Тие сами исчезнуваат од нашите животи. Некој заминува од функција, некој од активна служба, а некој ја напушта земјата и оди во друга држава. Така се одвива самопрочистувањето“, рекол Песков за новинарите.
Тој сепак истакна дека рускиот претседател Владимир Путин и натаму ужива голема поддршка.
„Сега се сите емотивни и го поддржуваат претседателот Има многумина кои не сакаат само емоционално, туку и на дело да го поддржат претседателот. Тоа е големо мнозинство“, истакнал Песков.
Досега нема официјални податоци колку Руси ја напуштиле земјата, пред се познати јавни личности, писатели, новинари и експерти од различни професии, од 2014 година па наваму, кога Русија го анектираше Крим.