Пештерска вила во Монако – спој на природниот ентериер и креативен дизајн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Париското студио Jean-Pierre Lott Architecte го потпишува дизајнот на невообичаената приватна вила во Монако, позната како Вила Троглодит. Вилата е спој на природен ентериер и креативен дизајнерски пристап, сместена во урбаната средина на Монако.

Користи природни извори за обновлива геотермална и соларна енергија, а приспособена е и за собирање на дождовница. Изработена е од рециклирачки и природни материјали.

Проектот е инспириран од едно едноставно прашање: „Како една куќа може да се вклопи во карпесто природно опкружување, без притоа да се нарушат природните одлики, средина и вегетацијата?“

Вилата беше не конструирана, туку буквално изработена со спротивен процес на скулптурирање однатре нанадвор.