Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На магистралниот пат Крива Паланка – Куманово синоќа е прегазен пешак кој починал на самото место.
Според инфромацииет од Министерство за внатрешни работи, несреќата се случила синоќа во 21 часот и 10 минути кога автобус марка ЕОС, со бугарски национални ознаки управуван од Ц.Ц , роден 1978 година, удрил во пешакот Г.М., роден 1963 година од село Гиновце.
Пешакот починал на самото место. Увид извршила екипа на Јавно обвинителство и Полициска станица од општа надлежност – Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.