Пешак кај Соборен храм тешко повреден по удар од BMW – летал неколку метри


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во сообраќајната несреќа која синоќа се случи на крстосницата кај Соборен храм во Скопје, пешак е тешко повреден при судирот на двете возила кои учествувале во истата.

Според првичните неофицијални информации, во незгодата учествувале автомобил марка БМВ и мерцедес со скопски регистерски таблички. Сообраќајката се случила на крстосницата од булеварите „Партизански Одреди“ и „Климент Охридски“.

Според првичните сознанија се работи за пешакот Д.Б. кој при ударот летнал неколку метри и со потешки повреди бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увидот е во тек, а по неговото завршување ќе се знаат и првичните информации за сообраќајката која се случи вечерва околу 20 часот.