Перверзно: Објави гола фотка, а фановите се шокираа кога дознаа кој ја фотографира


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ќерката на славната италијанска актерка Орнела Мути, младата Наике Ривели веќе ги навикна своите обожаватели на социјалните мрежи често да ја гледаат во полуразголени и разголени изданија на фотографиите кои ги објавува, но овој пат, сепак, непријатно ги изненади.

Манекенката и актерка веќе повеќе пати докажа дека нема проблем со голотијата, како професионално, така и приватно, но нејзината неодамнешна фотографија наиде на критики кај нејзините фанови.

„Кој ме фотографираше? Мажот кој го немам? Жената која ја немам? Пријателите кои моментално не се овде? Кој?“, напиша Наике во описот на фотката на која, стојеќи на една нога, позира пред огледало, додека со едната рака си ги покрива градите, а со другата меѓуножјето.

Набрзо потоа објави уште една фотка која објаснува за што всушност станува збор на првата. На втората фотографија нејзините обожаватели можат да видат кој стои зад мобилниот со кој е фотографирана Наике. И токму тоа предизвика револт кај нив. Станува збор за нејзиниот очув Фабрисе Керхерво, кој додека ја фотографира стои само по гаќи и маица на кратки ракави, а од под масичката ја фотографира нејзината мајка Орнела, фаќајќи ја позата од друг агол.

„На крајот нештата се многу поедноставни отколку што се чинат. Ова е само лудо утро со мама Орнела Мути и очувот Фабрисе Керхерво, семејни моменти!“, напиша во описот на втората фотка Наике.

„Можеби сте поинакво семејство, но никогаш не би сакала мајка ми и очувот да ме фотографираат гола како да е тоа најприродното нешто на светот. Мислам дека е прилично непристојно“, „Многу тажно и гнасно“, „Многу ниско. Што всушност сакаше да покажеш? За гревота Орнела“, беа само некои од коментарите на фотката.