Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски Камиказа во гостувањето во Дневникот на Сител, говореше за својата кандидатура, потенцирајќи дека, доколку победи на изборите, противкандидатките Ана Петровска и Даниела Арсовска ќе му бидат советнички.
– Прво ми е особена чест што учествувам во кампања во која има две извонредни дами. Се надевам на извонредна соработка и на извонреден маратон. Се до крајот се надевам дека јас, во некој 100ти дел од секундата ќе влезам прв во целта и ќе победам на крајот, но се надевам на една искрена и сестрана поддршка и да бидам искрен дека доколку добијам јас на овие избори, јас за советници или за луѓе кои би работеле со мене би ги избрал токму овие две дами за да можеме заедно да го направиме градот поубав, секој на свој начин и секој во својата бранша, кажа музичарот.