Перез смрени одговор: 300 милиони за две ѕвезди од Премиер лигата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако Барселона за 160 милиони евра го доведе Филипе Кутињо, навивачите на Реал Мадрид вршат притисок на раководството да донесе нова голема ѕвезда на „Сантиаго Бернабеу“.

Меѓутоа, Зидан во повеќе наврати напомена дека верува во својот тим и дека не му се потребни засилувања во зимскиот преоден рок.

Шпанските медиуми тврдат дека реалцијата на Реал ќе следува на лето, бидејќи Флорентино Перез осигурал рекорден буџет за засилувања.

„Марка“ открива дека главна цел ќе бидат двете големи ѕвезди од Премиер лигата. Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн и ѕвездата на Челзи, Еден Азар.

И двајцата имаат силна желба да се преселат во „кралскиот“ клуб, а Перез наводно спремил 300 милиони евра за да ги убеди нивните клубови.