Перез смисли сенционална трампа и и задава голем удар на Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанските медиуми денес лансираа „бомба“ и тврдат дека Флорентино Перез е спремен да направи сензацинален трансфер и да и ја „украде“ најголемата желба на Барселона.

Имено, претседателот на Реал е спремен да го пушти Герет Бејл во Пари Сент Жермен, но во трампа во која ќе го добие Марко Верати и 60 милиони евра.

На овој начин Перез не само што ќе добие огромно засилување во средниот ред, туку и ќе и зададе голем удар на Барселона, која со сите сили се труди да го донесе Верати на „Камп Ноу“.

Пари Сент Жермен е спремен да ја прифати ова трампа, но не сака да доплати цели 60 милиони евра, туку само 30 милиони.

Медиумите тврдат дека „кралевите“ се спремни да го жртвуваат Бејл кој оваа сезона поради повреда одигра малку натпрвари, а со тоа ќе му дадат поголем простор и минутажа на младиот Асенсио.

Притоа, ќе формираат среден ред од Верати-Касимиро-Крос, кој ќе може да игра заедно уште долги години за „кралскиот“ клуб.