Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лука Модриќ после синоќешниот состанок со Флорентино Перез дефинитивно останува во Реал Мадрид, иако долго време се поврзуваше со трансфер во Интер.
Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Реал Мадрид е лут и дека го прифавил Интер во ФИФА бидејќи „нероаѕурите“ без дозвола разговарале со Лука Модриќ.
Имено, „нераѕурите“ не испратиле понуда за Модриќ, туку директно го контактирале неговиот агент без знаење на Реал Мадрид.
Тоа според правилниците на ФИФА е недозволиво и казниво. Односно, дозволено е да се преговара со играчот кога има само помалку од една година од својот договор со актуелниот клуб. Кај Модриќ тоа не е случај, зашто има договор до 2020. година.
Според пишувањата на „Марка“, првиот човек на Реал исто така е бесен на начинот на кој Интер се однесувал и тоа што му работел зад грб, па решил да го пријави италијанскиот клуб во ФИФА