Перез: Овој Реал е подобар од тој на Фиго, Зизу и Ронадо…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја определи сегашната како „Златна ера“ на клубот. Од 2014 година до сега „кралевите“ освоија три титули во ЛШ, притоа станаа првите кои ја одбранија титулата во ова натпреварување.

Синоќа „кралевите“ доминираа на церемонијата за избор на најдобрите според ФИФА, нешто на што исклучитлно е горд претседателот Флорентино Перез.

„Вистина е дека е невозможно да бидам посреќен. Располагаме со одличен тим и со најдобрите играчи на секоја позиција. Ако погледнете историски, ова е најсилниот Реал Мадрид отакако сум јас на чело на клубот. Ако ги гледаме трофеите, овој Реал е подобар од тој на Фиго, Зизу, Роналдо и Бекам“, заклучи Перез.

Претседателот го пофали и Кристиано Роналдо, кој наскоро ќе наполни 33 години, но се уште игра на највисоко ниво.

„Тој е најдобриот и наскоро ќе ја освои и 5-та Златна топка. Тој и после толку години никогаш не е уморен од победување и постојано се стреми кон нови височини, а тоа не е лесно. Тој живее со идејата да се жртвува и да живее со тимот. Сигурен сум дека до крајот на кариерата ќе остане во Реал“, истакна Перез.