Home Спорт Перез носи огромно засилување од „Сан Сиро“

Перез носи огромно засилување од „Сан Сиро“

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез би можел да направи уште еден одличен потег и да го донесе еден од најдобрите спортски директори во Европа.

Станува збор за легендарниот директор на Милан, Адриано Галиани, кој наскоро и официјално ќе ги напушти „росонерите“ после цели 30 години.

Според наводите на италијанските и шпанските медиуми Перез веќе контактирал со Галиани и му понудил место спортски директор и негов советник на „Сантиаго Бернабеу“.

Познато е дека двајцата се одлични пријатели, па доколку Галиани ја прифати понудата тоа сигурно ќе биде големо „засилување“ за „крласкиот“ клуб.

Галиани важи за еден од најдобрите спортски работници во светот и човек кој го создаде големиот Милан. Иако во последните неколку години работеше со лимитиран буџет, сепак важи за еден од најпочитуваните луѓе во фудбалот и човек кој „прави чуда“.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…