Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе има на располагање огромен буџет ова лето со цел да направи реконструкција на тимот.
Неколку големи ѕвезди веќе се поврзуваат со „кралскиот“ клуб, а меѓу нив се Еден Азар и Пол Погба.
И додека „операцијата Азар“ е веќе започната и Реал рабори на трансферот на Белгиецот, шпанските медиуми откриваат дека Перез е спремен да му каже „не“ на Зидан за трансферот на Погба.
Имено, претседателот на Реал не сака да ги прифати високите барања на Французинот, но и не сака да работи со неговиот контроверзен агент Мино Раиола.
Притоа, Погба ќе го чини „кралскиот“ клуб најмалку 150 милиони евра, а Перез смета дека тие пари може порационално да се потрошат и не сака да плаќа толку пари за проблематичен фудбалер.
Една од главните причини поради која Зидан се врати во Мадрид беше ветувањето дека ќе има комплетна слобода во креирањето на тимот, па останува да видиме како ќе реагира на ваквата одлука од Перез.
Двајцата повторно влегоа во конфликт, а Погба не е единствената причина. Зидан не сака да се откаже од Кејлор Навас, а Флорентино инсистира прв голман да биде Куртоа, кого пак, тренерот сака да го продаде.