Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалскиот дефанзивец Пепе одлучи да го раскине договорот со Бешикташ поради тешката финансиска ситуација во турксиот клуб.
Како што пренесуваат турските медиуми од клубот не можеле да обезбедат високи плати за неколкумина фудбалери, меѓу кои и Пепе.
Меѓутоа, пред да го раскине договорот и да го напушти клубот, Португалецот се погрижи да го паметат по добро.
Имено, поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид пред заминувањето на сите вработени во клубот, како што се готвачите, луѓето задолжени за одржување на теренот, економот … им поделил плата од својот џеб.
35-годишниот Пепе одигра 52 натпревари за Бешикташ на кои постигна седум гола.
BREAKING: #Beşiktaş have terminated Portuguese defender Pepe's contract by mutual consent. #Pepe5 #P3PE #NoBadDays pic.twitter.com/uXCmL72VZ0
— Turkish Super Lig (@FootyTurkish) December 15, 2018