Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дефанзивецот на Реал, Пепе изјави дека ќе ги игнорира сите понуди кои пристигнуваат на негова адреса се додека „кралскиот“ клуб не му каже дали ќе смета на него.
После 10 години поминати на „Сантиаго Бернабеу“, попртугалскиот репрезентативец на лето ќе стане слободен играч, а финалето против Јувентус во Лигата на шампиони може да биде неговиот последен меч во дресот на „кралевите“.
За 34-годишниот дефанзивец интерес покажуваат неколку клубови од Европа како и од Кина, но тој вели дека ќе ги игнорира сите понуди се Реал официјално не се изјасни за неговата иднина.
„Финалето на ЛШ е на 3-ти јуни, а јас имам договор до 30 јуни. Секогаш велев дека до самиот крај ќе ја чекам одлуката на Реал Мадрид. Среќен сум овде и 100% сум спремен за игра“, изјави Пепе.