Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Не ми срам” е насловот на новата песна на Пепа Димитрова во соработка со Роберт Билбилов кој се јавува како kомпозитор и aранжер, додека текстот е дело на Огнен Неделковски.
Песната „Не ми срам” e доказ дека доколку нешто силно и вистински посакуваш во животот нема сила која може да те запре, порачува пејачката.
Донекаде автобиографска, новата песна го покажува ставот на Пепа за нејзината љубов кон музика, за двоумењето и внатрешната борба, борба сам со себеси и борба со видувањето на општеството за нејзината определба да започне да пее на македонската естрада. Видео спотот се снимаше во Македонски Народен Театар во него покрај Пепа која е претставена како самовила во својот сон, учествуваат и два танчери од студиото Break A Leg, три прекрасни девојчиња меѓу кои е и нејзината ќерка Елена, како и една голема риба во мал аквариум.
Самото видео ја надополнува песната и ја преставува борбата на Пепа, врзана и опколена од своите стравови, желби и мечтаења, силата и истрајноста кои се потребни за реализација на своите соништа, девојчињата кои истотака се појавуваат во видеото ја симболизираат Пепа во младоста, големата риба во мал аквариум и златен кафез се само дел од симболиките на визуелизацијата на ова дело.