Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Контраверзното интервју на Јаја Туре во кое го обвини Пеп Гвардиола дена „не ги сака африканските фудбалери“ покрена хајка против каталонскиот стратег.
Во полемиката се вклучи и Дмитри Селук, менаџерот на Јаја Туре, кој фрли своевидна „африканска клетва“ над Пеп Гвардиола, никогаш повеќе да не ја освои Лигата на шампиони.
„Јаја го познава Гвардиола како никој друг. И покрај големата желба не можеме да кажеме ништо добро за човечките квалитети на Пеп. Во Баерн никогаш не го надмина Јуп, видете дека тој клуб победува и без него. И баба ми во Баерн ќе биде шампион на Германија“, изјави Селук.
„Факт е дека Гвардиола му ја заврши кариерата на Јаја Туре во Сити, а тоа е злосторство. Тоа ќе му се врати како бумеранг. Ќе видите што се африкански шамани. Во Бенфика е Бела Гутам го проколна клубот и од тогаш ги изгубија сите европски финалиња. Гвардиола ќе го собори рекордот по изгубени финалиња, и покрај парите кои му ги дава клубот за трансфери“, заклучи Селук.