Пентер за лајкови кој ја леди крвта: Ова видео не е за оние со слабо срце


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Управителите на бизнис квартот Canary Wharf во Лондон се најдоа на удар на критика откако беше објавено видеото на кое двајца адреналински зависници се качуваат на врвот од високиот облакодер за да стигнат до пирамидата на кровот.

Облакодерот One Canada Square е висок 235 метри, а момците се качија на самиот врв од покривот без некој да ги забележи. Го допреа врвот од пирамидата, се восхитуваа на погледот на Лондон и се спуштија кон излезот.

„Го допревме врвот на пирамидата. Ова е прелудо. Се надеваме дека ќе имаме барем 30.000 лајкови“, вели еден од момците на снимката која досега е „лајкана“ над 35.000 пати.

Снимката беше објавена на YouTube каналот Night Scape, каде британските зависници од адреналин редовно се фалат со своите подвизи. Од друга страна, од трговскиот центар го истражуваат недозволеното упаѓање во центарот и соработуваат со полицијата.