Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, на вчерашната прес-конференција тврдеше дека рускиот претседател Владимир Путин „не бил целосно информиран од неговото Министерство за одбрана за секој чекор“ во текот на руската инвазија врз Украина.
Кирби не кажа никакви детали што довеле до оваа проценка, јави Си-Ен-Ен.
Кирби рече дека САД немаат „пристап до секоја информација што му била дадена“ на Путин или „секој разговор што тој го имал“, но рече дека се согласува со „основниот наод“ на медиумите дека Путин не бил целосно информиран од неговото Министерство за одбрана за ситуацијата во Украина.
Си-Ен-Ен претходно јави дека американски функционер рекол дека САД веруваат оти Путин е „дезинформиран“ од неговите советници за тоа колку лошо поминува руската војска во Украина и за ефектот на санкциите врз руската економија.
– Ги видов тие извештаи во медиумите што му се припишуваат на американски функционер и ние би се согласиле со основниот наод, но нема да бидеме поконкретни од тоа – рече Кирби.
Русија почна да преместува 20 отсто од своите сили распоредени околу главниот град на Украина Киев, соопшти вечерва Пентагон.
Сепак, портпаролот Џон Кирби предупреди дека очекува Русија да ги обнови трупите и да ги врати на бојното поле наместо да ги врати дома.
Кирби рече дека некои од руските сили можеби веќе се преселиле во Белорусија.
Како што пренесоа некои светски агенции, Пентагон соопштил и дека Русите се повлекуваат од Чернобил.