Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Највисокиот ешалон од кинеските воени лица во повеќе неврати им немаат кренато на телефонските повици од нивните американски колеги, откако Пелоси реши дека сепак треба да слета во Тајван.
Пекинг не им кренал ниту на министерот за одбрана на САД, ниту на првиот човек на американскиот генералштаб, додека истовремено продолжува со лансирање проектили околу Тајван и распоредување на своите воени бродови.
Американците паничат дека баш во време на ваква криза е неопходно да функционираат механизмите за комуникација меѓу двете страни, посебно што кинеските бродови почнале да оперираат се поблиску до американските сили.
Ова го повтори и портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, според кого комуникацијата е важна за да се намали ризикот од погрешни калкулации и перцепција.
Последен пат кога се слушнале првите луѓе на генералштабовите на САД и Кина е 7 јули, кога разговарале токму за потребата за одржување на отворени линии за комуникација.
Кина објави дека прекинува со одредени дијалози со високи американски воени команданти, вклучително и регионални, како и со разговорите околу поморската безбедност.
Според САД воените вежби што ги спроведува Кина околу Тајван прекршиле повеќе преседани и фундаментално го промениле статус-квото на регионот, вклучително и лансирање на проектил кој прелета преку тајванскиот остров.