Пендаровски закажа средба: Партиските лидери в недела на состанок кај претседателот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шефот на државата, Стево Пендаровски, в недела во Вила Водно ќе ги собере лидери на политичките партии – но наместо за датумот ќе се разговара за затвроената врата на Македонија од ЕУ.

Од сите поканети, како што посочи претседателот – на адреса во Вила Водно стигнал позитивен одговор. Откако европските лидери одлучија дека за аспирациите на Скопје ќе се разговара најдоцна до пролет идната година – шефот на државата вели сега не е време за апатија. Според Пендаровски ниту една одлука не е конечна.

Претседателот заклучува Македонија, сега мора да продолжи со реформите, справувањето со организираниот криминал, а европските стандарди, според шефот на државата мора да станат и домашни стандарди.