Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во интервјуто кое го даде за грчката телевизија „Алфа“, македонскиот претседател Стево Пендаровски потенцираше дека не само за него и за македонскиот народ, туку и за сета политичка јавност било шок недоделувањето на датум за почеток на пристапни преговори за Македонија од страна на Европската Унија.
Претседателот Пендаровски објаснува дека она што ќе биде на чекање сѐ додека не почнат пристапните преговори со ЕУ е делот што се однесува на внатрешната и надворешната коресподенција и употребата на новото име.
– Говорејќи за целиот пакет, веќе го имплементиравме новото име во внатрешноста и би можел да кажам дека тоа за нас беше најтешкиот дел од Договорот од Преспа – истакнува Пендаровски.
Тој посочува дека за неколку месеци земјава ќе влезе во НАТО и тоа е благодарение на Договорот од Преспа.
– За луѓето што и тука и таму се скептични, да повторам уште еднаш Договорот од Преспа беше главна причина зошто државите членки на Северно-атлантската алијанса рекоа „да“ за наше членство. Ако не во ноември или во декември, тогаш сигурно во првите четири месеци од 2020 ќе бидеме полноправна членка на НАТО алијансата и тоа е директен производ од Договорот од Преспа – додава претседателот во интервјуто за грчката телевизија.