Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот претседател Стево Пендаровски в понеделник свика седница на Советот за национална безбедност на која главна и примарна тема ќе биде состојбата со коронавирусот и мерките што земјава ги има на располагање.
Тој денеска на прес-конференција рече дека првата е да се ангажира армијата без прогласување кризна состојба како што е тоа сега на границите со Грција и Србија за контрола на протокот на мигранти.
Втората можност е да се прогласи кризна состојба во одредени делови или на територијата на целата Македонија и третата опција е прогласување вонредна состојба, за која Пендаровски смета дека во овој момент нема потреба од тоа.
Претседателот Пендаровски информираше дека стоковите резерви во земјава се стабилни и дека животни продукти неопходни за вакви ситуации има доволно. Доволно залихи има и кај енергентите во случај на понатамошно ширење на коронавирусот.
Според претседателот на државата, нема да е крај на светот ако поради состојбата со коронависрусот изборите бидат одложени за месец или два а кампањата може да се одвива и на социјалните мрежи. Сепак, рече тој тоа треба да се донесе со консензус на сите политички партии.
Лидерите на партиите во следните десетина дена да ги преиспитаат ставовите за одржувањето на изборите закажани за 12 април како и за ограничување на изборните активности и водење кампања преку социјалните мрежи, повика денеска на прес конференција претседателот на државата Стево Пендаровски.
Претседателот Пендаровски апелираше сите да се придржуваат на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, а граѓаните да се информираат само од официјални извори, со оглед на тоа што надлежните, како што рече тој, откриле намерно креирање и пласирање неточни информации за ширење паника и уривање на довербата во системот.