Пендаровски тврди: Ме следат разузнавачи блиски на нашата опозиција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Јас, а веројатно и моето семејство, сме под 24-часовен надзор од тајна разузнавачка служба блиска до наша голема опозициска партија“, тврди претседателскиот кандидат на владејачката коалиција предводена од СДСМ, Стево Пендаровски.

„За 10 дена неколку пати се објавуваат фотографии од тоа каде се движам“, вели Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на владејачката структура во интервју за 1 ТВ.

„Ова е само сигнал, насоката во која ќе се движи кампањата за претседател, само што ќе биде уште повалкана. Мене не ми се блиски подземни кампањи, јас ќе одговорам со аргументи и јавно. Остатоците од режимот не смеат да бидат толерирани, тоа е работа на институциите од оваа власт“, вели Пендаровски.