Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По денес одржаната седница на Советот за безбедност претседателот Стево Пендаровски даде изјава и прогласи вонредна состојба уште 14 дена.

– Почитувани имајќи го во предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица во текот на денешниот ден ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба која ќе започне да тече од утре. Тука сакам посебно да нагласам одлуката за нови 14 дена вонредна состојба е поврзана исклучиво со намерата да и се овозможи на Владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се справуваат пред се со здравствените но и со социјално економските ефекти од пандемијата и нема никаква корелација со датумот за парламентарни избори што е предмет на договарање во поинаков политички формат. – изјави Пендаровски.