Advertisements
Видео

Пендаровски: „Поздрав од Зоки“, Борисов: „Седи си тука при нас“ (видео)

Тоа дека му пренесе поздрави од Зоки, тоа чувме јасно. Ама, дали пред тоа Пендаровски му се обрати на Бојко Борисов со „љубави“ или станува збор за друг термин кој погрешно ги наведе нашите сетила за слух да го чујат токму тоа – „еј љубави“.

Како да не се врвни државници и водачи на своите нации, туку како да се дел од некое реално шоу – така си комуницираат и се однесуваат дури и во полуформални и формални средби. Ова видео е едно од најгледаните и најсподелувани на социјалните мрежи.

Актерот Сашо Тасевски со свој коментар и реакција во врска со оваа „комуникација“ меѓу Пендаровски и Борисов, се огласи на Фејсбук.

„Нашиов претседател му се обраќа на Борисов со ЉУБАВИ. Пред камери. Не е монтажа така?
Добро бе, што прават водачиве балкански ко ќе се исклучат камерите, знае некој? Одат под туш заедно? Што е штосов?
Глејте колку сме блиски. ОПУШЕНО. Make love, not war.
До таму стигна дипломатската комуникација. Фупе Фупе… Резултат од лгбт ренесансата или чисто лицемерие, глумење финоќа мекоќа и глупоќа.
Замислете порано Тито да му кажел ЧАО ЉУБАВИ на Тодор Живков или на Кенеди.
Што сте бе вие? Претседатели на држава или теткици? Немојте љубави на БОЈКО, оти стварно ќе ве обљуби. Како бикче е, ќе ви се качи,напиша Тасевски на Фејсбук“.

Advertisements
To Top