Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во интервју за емисијата „Ексклузив“ која се емитува на 1ТВ, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, откри што добил како подарок за роденденот од неговата сопруга и синот.
„Беше кампања и немавме време да прославиме, дури и тоа мораше да биде дел од кампањата. Добив машна, кравата“, открива Пендаровски во интервју за „Ексклузив“.
Дополнително открива дека со сопругата и синот се договориле вртоврската да ја носи на инаугурацијата доколку победи на изборите.
За својот син, кој има 17 години, вели дека не ја сака политиката, но дека политиката е нужно зло во неговото семејство.
„Инсистираме да не личи на нас, освен она што е генетика, физички изглед. Инаку мој совет би му бил да не личи на мајка му и татко му, туку да биде свој“, вели Пендаровски.