Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На денешната прес-конференција која ја одржа заедно со словенечкиот колега Борут Пахор, македонскиот претседател Стево Пендаровски, говорејќи за меморандумот од Бугарија, кажа дека земјава е отворена за компромис по спорните прашања.
Запрашан дали може да појасни за какви компромиси се мисли, Пендаровски вели:
„Не можам уште сега да кажам каков компромис ќе биде. Тоа е процес што тече. Но, бидете сигурни, сите политички фактори, од наша страна, дека нема да дозволиме тој иден компромис по неколку точки од декларацијата да ги наруши нашите национални и државни интереси. Мислам дека сме на јасно кои се нашите црвени линии, неколку пати се јавно кажувани“, рече Пендаровски.