Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Конзенсуалниот кандидат Стево Пендаровски, синоќа од Прилеп истакна дека е уверен како граѓаните нема да дозволат изолација која ќе ја има ако триумфира нивниот конкурент.
„Нивната концепција е изолација, поништување на Преспанскиот договор, и целосна изолација. Затоа не смееме да се коцкаме со иднината на државата. Ова што досега е направено и на меѓународен план, и на внатрешен план во делот на внатрешната кохезија кои оваа влада ги направи, не смееме да ги ставиме под ризик“, изјави Пендаровски пред граѓаните во Прилеп.
Toj не верува дека уште во првиот круг од претседателските избори ќе биде избран за претседател.
„Битката ќе биде долга. Мали се шансите за да се заврши во првиот круг поради законските прагов, меѓутоа сеедно. Сакам да кажам на крајот дозволетеми дека мора да имаме максимална мобилизација и не треба да спиеме“, порача Стево Пендаровски од Прилеп.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека не смее да се останува дома за време на изборниот процес.
„Не смееме да остануваме дома. Многу е важно, го бираме првиот човек на татковината наша. Конечно, да имаме вистински претседател кој што заедно со централната власт ќе чекори напред“.
Инаку во Прилеп, СДСМ организираше трибина наместо митинг.